Предлог одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штета од снежни наноси и усвојување на записниците за проценка на настанати штети од пожар и невреме на подрачјето на општина Охрид, се меѓу точките на дневен ред кои ќе се најдат пред советниците на 36- та седница која ќе се одржи во петок, 27- ми февруари со почеток во 11.30 часот.
Советниците ќе расправаат и за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар, како и за изменување и дополнување на Статутот на МЈП „ Проаква“ Струга, одлуката за донесување на ценовник за извршување услуги на МЈП„Проаква“ Струга Р.Е.Водовод Охрид, утврдување на цените на услугите што ги вршат ЈП„Охридски Комуналец“, ЈП„Градски гробишта“, ЈП„Нискоградба Охрид“ .
Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015 – 2017 година, како и низа предлог одлуки од урбанистичката сфера.
OhridNews