Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 31 седница. На дневен ред ќе се најдат: Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2006 година, Предлог Одлука за усвојување на Завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2006 година.
Сопветниците ќе расправаат и по Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „ Охридски Комуналец“ Охрид по годишната сметка за 2006 година. Ќе биде разгледана и Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на МЈП „ Проаква“ , по годишната сметка за 2006 година, како и Предлог Одлука за усвојување на Програмата за работа за 2007 год. на МЈП „ Проаква“ .
Советот ќе ги разгледа и Предлог Одлука за усвојување на Програмата за одбележување на празници и манифестации за 2007 година, Предлог Одлука за усвојување на Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период 2007 -2012 година.
Се очекува Советот да ја изгласа Предлог Одлуката за престанок на важноста на Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти и Одлуката за дополнување на одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти
На 31 седница Советот ќе расправа и по предлозите за подигање спомен обележја на современиот македонски писател Живко Чинго, и на Светите Климент и Наум Охридски, како и по Предлог Одлука за забрана за изведување на градежни работи на подрачјето на општина Охрид.
Г.М.