Советот на општина Охрид  на продолжението на 27-мата седница ја изгласа програмата за инвестиции и одржување на локалната самоуправа за 2007. Со програмата се утврдени приоритетните проекти кои „Одделението за комунален развој“ ќе ги  реализира оваа година.

На седницата повеќе советници побараа решавање на проблемот со реката Грашница, која е еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Поради недостиг на средства за реализација на проектот за дислокација на нејзиното корито (проценките се дека се потребни 7 милиони евра, а за сите предвидени комунални проекти од буџетот се предвидени 3,5 милиони евра) ниту оваа година реката Грашница нема да биде вметната во годишната програма за инвестиции и одржување.


Нема пари за најголемиот загадувач-реката Грашница

На барање на советниците предлагачот од дневниот ред  ја повлече точката за донесување предлог одлука за изработка на урбанистички планови во 2007, која на дневен ред ќе биде поставена на првата наредна седница.