Советниците на дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид ја усвоија само одлуката за годишната програма за згрижување и воспитно-образовна работа на јавната општинска установа за деца – детската градинка „Јасна Ристеска“ Охрид за учебната 2010/2011 година, по што седницата беше прекината поради немање кворум.

За останатите предлог- одлуки ќе се расправа и одлучува на продолжението на оваа седница, што дополнутелно ќе биде закажано, информираат од Локалната самоуправа.

OhridNews