Советот на општина Охрид на денеска одржаната седница ja усвои предлог-одлуката за изградба на спомен обележје на руската кнегиња Олга и кнезот Владимир. Идејата е на Светскиот македонски конгрес и Руската заедница во Македонија, а идејното решение е дело на професор Андреј Токарев,  информираат од локалната самоуправа.

– Поставувањето на ова спомен-обележје ќе значи извлекување од заборавот и материјално потсетување за еден битен сегмент од богатото историско минато на Охрид, за идентитетот на МПЦ и македонската нација и, посебно, за големото значење на соборната црква „Света Софија“ бидејки ке го симболизира историскиот факт дека Русија го прими православието токму од Охрид, велат од локалната самоуправа.

Во десетиот век Великата кнегиња Олга била покрстена во црквата Св. Софија во Охрид, каде бил покрстен и нејзиниот внук, кнезот Владимир. Овој чин се смета за преземањето на православието како вера во Русија.

Советот на општина Охрид на денешната седница разгледа и усвои повеќе одлуки поврзани со работењето на јавните претпријатија, а го разгледа и проектот за изградба на четири мали хидроелектрани. На барање на жителите од улиците „15-ти Корпус“ и „Живко Чинго“, Советот ја одложи расправата по ДУП за урбаната единица 15.

Ohridnews