Советот на општина Охрид на дваесет и деветата вонредна седница, што се одржа вчера, ја усвои предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, и даде согласност на Одлуката за донесување на Правилник за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Советниците ја усвоија и одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година, како и други предлог одлуки и дополнувања.