Советот на општината, на 62-та седница што се одржа денеска, ја изгласа одлуката за прогласување на бизнисменот Минчо
Јорданов за почесен граѓанин на Охрид. Јорданов се прогласува за почесен жител заради
исклучителните заслуги за афирмација на Охрид во Европа и Светот.


Минчо Јорданов, како бизнисмен, менаџер и  политички  истакната личност
во меѓународни размери, со својата активност и љубов кон градот на
Климента  со години наназад, несебично и неуморно придонесува   за
афирмација на Охрид како духовен, стопански, културен, спортски и
туристички  центар на Македонија – пронесувајќи го на тој начин 
значењето на градот на УНЕСКО со сето негово културно- историско
наследство и природни  убавини. Како вистински вљубеник во Охрид,
потврдувајќи се себеси и како филантроп и мецена, Минчо Јорданов во
1998 година целосно  ја донираше со свои средства изградбата на спомен
куќата на Григор Прличев, по кого Охрид е препознатлив на далеку, се
наведува во образложението на одлуката за прогласување на Минчо Јорданов за почесен граѓанин на Охрид.

Ohridnews