Советниците на денешната педесет и четврта седница на советот на општина Охрид, ги усвоија предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година, предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година, како и предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Советниците ги изгласаа и предлог – одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година, предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид и предлог – одлуката за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.

Поради службено отсуство на градоначалникот Константин Георгиески одложена беше 55 седницата на чиј дневен ред беа советнички прашања.

Оваа седницата дополнително ќе биде презакажана.

OhridNews