Советот на општина Охрид го одложи продолжението на 41 седница што требаше да се одржи денеска.
Ниту денеска советничките групи не можеа да ги усогласат своите ставови по дел од предложените точки, а копјата се кршеа околу предлог одлуката за донесување Детален урбанистички план за урбана единица 17 кој се однесува на изградба на хотелски комплекс во дел од спортскиот центар кај бараките на Гранит и Трудбеник, и ДУП за Горица исток каде исто така е предвидена изградба на хотел.
ohridnews