Советот на општина Охрид денеска не  донесе  одлука за формирање ново  Јавно претпријатие за  стопанисување со спортски објекти и  паркинг простори во Охрид. Мнозинството советници не прифати да се расправа по оваа точка поради како што беше речено недостаток на релевантни податоци за  предложеното решение.

Актот за формирање на Јавно претпријатие за  стопанисување со спортски објекти и  паркинг простори во Охрид не е поткрепен со никаква анализа, поради што Статутарната комисија  не го прифати ваквото решение, вели Иван Огненов, член на комисијата.

Советот, денеска не расправаше ниту по информацијата за експропријација на земјиште за потребите на ЈП „ Охридски комуналец“за  проширување на градските гробишта. Одложените точки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница на Советот што ќе се одржи на 8 октомври.

Откако жешките теми ги одложија, советниците експресно донесоа дваесетина одлуки кои се однесуваа на извештаите за материјално финсиското работење на основните и средни училишта во градот.

Г.М.