Советот на општина Охрид со 21 глас ЗА го усвои Буџетот на општина Охрид за 2007 година кој ќе изнесува 452.300.000 денари.Изгласаниот буџет е за 99 милиони денари повисок од предложениот, откако со 12 гласа ЗА беше усвоен амандманот од група советници за зголемување на буџетот.

Градоначалникот Петрески смета дека прекроениот буџет не ќе може законски да се реализира, поради што најави дека нема да ја потпише одлуката за донесување на буџетот. Доколку тоа се случи, Буџетот одново ќе биде вратен на расправа во Советот.


Петрески нема да го потпише буџетот

Ваквиот Буџет е нереален и не ќе може да се реализира ни 60% на крајот од 2007 година, предупреди Александар Китрозоски од стручната служба.

Аргументите на позицијата за зголемување на буџетот за 99 милионин денари беа дека со дополнителните средства ќе се обезбеди поголем развој на општината во 2007 година, особено во образованието и урбанизмот, но и во други свери. Предлагачите на амандманот истакнаа  дека средставата за реализација на буџетот нема да се обезбедат со дополнително оптоварување на граѓаните и стопанството, туку со поголема ангажираност на администрацијата во наплатата на даноците и давачките.


фото од 27-та седница
 

Охрид, 28.12.2006
Г. Момироски