Со 15 гласа „За“, Советот на општина Охрид денеска ги усвои новиот грб и знаме на општината, кои беа предложени во рамки на дневниот ред како Предлог  статутарна Одлука за изменување на Статутот на општина Охрид.

Пред почетокот на 27-мата седница, опозицијата побара повлекување на оваа точка од дневен ред, меѓутоа предлогот не беше прифатен од владејачкото мнозинство.

Симболиката на новиот грб и знамe, пред охридските советници ги презентираше претседателот на „Македонското хералдичко здружение“, Јован Јоноски.

OhridNews