Советот на општина Охрид во жестока расправа проследена со  тешки обвинувања, денеска ги избра членовите на Управниот и Надзорните одбори на јавните претпријатија  “Комуналец“ и “Проаква“.

Новото советничко мнозинство по усогласувањето на ставовите за персоналниот состав на управните органи денеска ја надгласа довчерачната позиција предводена од СДСМ. Ајла Реџеп, Димитрија Ефтимоски, Софија Огненова, Јован Бабаче и Гоце Баткоски го сочинуваат новиот Надзорен одбор на Комуналевц, кој со 12 гласа за и 10 против, беше изгласан на денешната седница.


советот имаше жешка расправа

Изборот предизвика лавина жестоки расправии дека се работи за тесни политички интереси и дека меѓу избраните има блиски роднини и идни сопрузи на советниците.

Расправата кулминираше по предлогот за избор на Ахмет Патељ, Рената Арнаудова, Зоран Вељаноски, Мирослав Кузман Кнагина Бакулеска, сите со високо обтразование и Наум Пуфтоски Петре Климоски, Слободан Јосифоски и Шпенд Доко, сите со средно образовабние, да бидат избрани за членови на УО на Комуналец.

Токму предлогот четворица “среднисти“ да членуваат во УО на Комуналец предизвика остри критики од советниците Недим Положани од ДУИ, и Спирко Николоски ЛДП, кои сметатт дека со таквиот избор се прави чекор назад.


Недим Положани-ДУИ

Советниците поради можен конфликт на интереси го оспорија и предлогот Зоран Вељаноски да биде член на УО, бидејќи тој е веќе вработен во општинската администрација. Сепак и оваа одлука со 12 гласа за помина во советот.

Ваквиот избор според градоначалникот Петрески е политички мотивиран и нема да донесе ништо добро во работата на локалната самоуправа и јавните претпријатија .


не задоволен од изборот-Петрески во друштво на Вревезоски

Советниците денеска ги избраа и Гордана Јовановска, Александар Блажески и Страшо Николоски за членови на Надзорниот одбор на МЈП “Проаква“.