За неполн час Советот на општината претпладнево ги разгледа и усвои сите 40 предлог-одлуки кои останаа на дневниот ред на продолжението од 17-тата седница.

Сите одлуки кои се однесуваа на урбанистичката сфера и разрешување односно именување на членови на УО во основните и средните училишта како и УО и НО на Детската градинка „Јасна Ристеска“ – беа усвоени со гласови  од мнозинството, додека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласаше против

Едногласно единствено беа изгласани одлуките за формирање на Совет на потрошувачи и Локалниот комитет за изработка на ЛЕАП, информираат од локалната самоуправа.

OhridNews