Наместо предвидените 20 точки, по претходна координација на советничките групи на денешната седница се расправаше само по пет точки, сите од областа на образованието.
Советниците дадоа зелено светло за Предлог одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку
од 25 ученици во основните училишта во општина Охрид, а поддржаа формирање такви паралелки и во средните училишта ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски “ Охрид, ОСУ „Св. Климент Охридски “ и ОУТУ „ Ванчо Питошески “ Охрид.
Советниците денеска усвоија и одлука за издавање под наем на училишните спортски сали.
Останатите точки од дневниот ред, меѓу кои и таа за поставување споменик на Св. Наум Охридски, ќе се разгледуваат на наредната седница на 14-ти сетпември.