Предлог – одлуката за давање согласност на Одлуката за потврдување на Планот за поделба ОДУ.бр. 721/19 од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување ОДУ бр.722/19 од 04.11.2019 година, е единствената точка на дневниот ред на 36 седница на Советот на град Охрид, што ќе се одржи утрово.

Како што информира претседателката на Советот, Живка Ангелоска, се работи за акт кој се однесува на почнувањето со работа на новото јавно претпријатие „Колекторки системи“, формирано со поделбата на МЈП „Проаква“, а со кое во иднина ќе стопанисува државата.

OhridNews