Денеска ќе биде продолжена прекинатата 28-ма седница на Советот на Општина Охрид, која беше одржана на 10-ти јуни. На дневен ред се преостанатите точки кои се однесуваат на предлог- одлуката за давање согласност на Одлуката за усвојување на изменет годишен план за вработување во ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за 2019 година, а пред советниците ќе биде презентирана и информација околу состојбата и начинот на користење на плажите на територија на општина Охрид.

Во истиот термин ќе се одржи и 31-та седница на советот на која ќе бидат разгледани годишнит епрограми за работа на основните и средни училишта, градинката, како и извештаите за работа.

Советниците ќе расправаат и за одлуката за утврдување на работното време на вработените во Јавната општинска установа за деца -детска градинка „Јасна Ристеска“, а ќе с еразгледува и финансискиот извештај на МЈП„Проаква“ – Струга Р.Е. „Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.