Советот на општина Охрид на 9 ноември ќе ја одржи педесет и првата седница, на чиј дневен ред се 40 точки.
Меѓу другото, советниците ќе расправаат за утврдување локации за поставување подземни контејнери на подрачјето на општина Охрид, како и за Предлог-Одлуката за усвојување на Локалниот еколошки акционен план за општина Охрид (2019-2025).
На дневен ред на оваа седница се и предлог – одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Ресен, за субвенционирање на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за набавка на половно специјално товарно возило – Кипер, како и Предлог – Одлуката за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.
OhridNews