Иницијативата за утврдуање најниска плата за вработените во општинската администрација и јавните општински претпријатија, предложена од советничката група на СДСМ, денеска ќе биде разгледана во  Советот на општина. Како што е познато неодмна охридските социјалдемократи излегоа со предлог  најниската плата на вработените во градските служби да изнесува  8.100 денари.

Според нив на тој начин ќе се ублажи ценовниот шок и барем малку ќе се подигне слабиот стандард на вработените во општинатѕа и во јавните претпријатија. Тие сметаат дека утврдувањето на најниската плата на 8100 денари нема  многу да го оптовари буџетот на општината.

На ваквиот предлог се спротистави ВМРО ДПМНЕ која смета дека предлогот на СДСМ е популистички и нереален. Од ОК на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека  иницијативата пред се е наменета за општините во кои СДСМ е во опозиција, а охридските градски власти се „колатерална штета“ на оваа акција водена од „повисоки“ партиски цели

Инаку на 52-та седница,  Советот на општина Охрид ќе расправа по вкупно 22 точки. Межу другото, Советот ќе ја разгледа  предлог Одлуката за усвојување на Годишниот извештај и Завршната сметка на Буџетот на општина Охрид за 2007 година, а ќе расправа и по Извештајот за остварените резултати од работењето на   ЈП „  Охридски Комуналец, како и по Завршната сметка – на МЈП „Проаква“.

ohridnews