Советот на општина Струга на вонредна седница завзеден став во врска со случувањата во средното училиште „Нико Нестор“.


Советот на општина Струга бара преиспитување на одлуката
за воведување етнички смени во „Нико Нестор“

Советот, како што соопшти претседавачот, Сејфула Хани донел заклучок  да се преиспита законитоста на одлуката за воведување на јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“. Советот бара доколку се утврди прекршување на законот, градоначалникот на Струга согласно овластувањата да го преиспита работењето на раководството на училиштето. Советот исто така му сугерира на Училишниот одбор да отвори расправа за случувањата во средното училиште „Нико Нестор“, а до донесување нова одлука, наставата во училиштето да се одвива по старо односно во заеднички смени.

Ohridnews