Советот на општина Охрид, денеска ја одржа 47-та седница на која на дневен ред беа само две точки: Предлог- Програмата за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година и Предлог- Одлуката за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2020 година.

Двете точки добија зелено светло од советниците.

Усвоените точки се во прилог на подготовката на општинските основни и средни училишта во пресрет на новата учебна година, согласно протоколите и мерките за заштита од Ковид 19.

OhridNews