Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција  рганизираат втор  состанок со членовите на Советодавната група граѓани  од населбата Пештани.

Целта на средбата е согледување на состојбите околу нарушувањата на Јавниот ред и мир, неовластеното пукање со огнено оружје на семејни и други веселби и предлагање мерки за надминување на истите.

Меѓу другите теми на состанокот, ке биде и информацијата за превентивните мерки на СВР Охрид преземени од Оделението за превенција околу имплементација на проектот „Да се заштитиме од кражби“ и можностите за дистрибуција на едукативно-информативниот пропаганден материјал.
 
На состанокот свои излагања по темите ќе имаат претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од Локалната самоуправа и др.

Ohridnews