Советниците денеска имаа право да поставуваат по две прашања, а одговорите од стручните служби на Локалната самоуправа ги побараа на писмено.
Советот денеска заседаваше во Велгошти
Советникот Боро Павлоски денеска побара, дневниот ред да се дополни со предлог-одлука за преземање на 10-тина вработени од Спортскиот центар “Билјанини Извори ” во новоформираното Јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти и паркинзи, но по куса координација, тој го повлече предлогот, а претседателот на Советот, Владо Чингоски најави дека за него ќе се расправа на една од наредните седници.
54-тата Седница на Советот се одржа во Основното училиште “Живко Чинго” во Велгошти. Оваа практика што ќе продолжи и во иднина е во согласност со неодамна донесената одлука на Советот, да може да ги одржува седниците надвор од општинската зграда.