Советниците изгласаа одлука со која на охридскиот Црвен крст му се отстапува Домот на култура во Велестово за времено користење. Тоа значи дека во наредните десет години, овој објект ќе може да се користи при реализирањето на бројните активности кои се превземаат од страна на оваа хуманитарна организација.

Објектот ќе се користи за одржување на бројни едукативни програми со ученици од основните и средните училишта, за предавања, трибини, работилници, за потребите на планинарското друштво, односно за се она што е опфатено со нашите тековни активности кои е многу подобро кога се реализираат во природа, вели претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков. 

Ohridnews