Советниците дадоа зелено светло за доградба на катови на 14 изградени индивидуални куќи, за две станбени згради и еден хотел во центарот на градот. Согласно новиот закон за градење, општините со усвојување на локална урбанистичка документација сега имаат право да даваат дозволи за доградба без да бараат одобрение од Министерството за транспорт и врски.
На истата седница со 13 гласа ЗА, 6 против и еден воздржан беше усвоен ДУП за дел од УЗ 15 ( во населбата „15 Корпус“) каде е предвидена изградба на спортска сала со средства на државата.