Советничката група на СДСМ од Охрид поднесе барање до Советот на општина Охрид за донесување на соодветна одлука за издвојување на одредени финансиски средства од Буџетот на општината, како помош за ублажување на последиците од природната катастрофа што денививе го зафати Тетово и Тетовскиот регион.

Во текот на изминатите неколку дена голем број македонски општини издвоија средства од своите буџети за да им помогнат на оштетените од големото невреме кое се случи во Тетовско, а голем дел од нив испратија и помош во механизација и различни видови на хуманитарни пратки.

OhridNews