На единаесеттата седница на советот на општина Охрид која ќе се оддржи на 23 септември, понеделник , со почеток во 12 часот, советниците ќе расправаат за утврдувањето на висината на надоместокот на услугите кои ги вршат јавните претпријатија.
Меѓу 85 точки предвидени на дневен ред, се и годишните извештаи за работата и за материјално –финансиското работење на основните и средни училишта, програмите за изведување училишни екскурзии, извештаите за работа и остварени резултати на јавните претпријатија во периодот од 1 април до 30 јуни, како и неколку точки од сферата на урбанизмот.
OhridNews