Во вторник, 30 ноември, со почеток во 9 часот ќе се одржи 27- та седница на Советот на општина Охрид.

Советниците ќе расправаат и одлучуваат по шест точки од дневниот ред, меѓу кои се извештаите за работата на ЈП „Нискоградба“ и „Билјанини Извори“,  деветмесечните  извештаи за финансиското работење и остварените резултати од работењето на ЈП„Проаква“ , РЕ „Водовод“- Охрид  и ЈП „ Охридски комуналец“.

Ќе се расправа и по предлог – одлуката за утврдување фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2011  година, како и за Предлог одлуката за формирање штаб за заштита и спасување на општина Охрид  која предвидува универзална единица за заштита и спасување во јачина на  вод, просторна специјализирана единица за комунални работи во јачина на вод, просторна специјализирана  единица за прва медицинска помош  во јачина  на одделение и просторна специјализирана единица за  противпожарна заштита во јачина на одделение. 

OhridNews