Советниците на наредната седница, што ќе се одржи на 27- ми март, петок, ќе расправаат за предлог заклучокот за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник, како и за информацијата за текот и постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато.   

На дневен ред на седницата ќе бидат и предлог одлуката за бесплатно сместување во ученичкиот дом при ОУТУ„Ванчо Питошески“ Охрид на учесниците во активности и манифестации од областа на образованието, културата и спортот од значење за општина Охрид, предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, а ќе се расправа и за усвојување на Планот за управување со отпад на општина Охрид за 2015 – 2017 година и Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2015 година, како и за изборот на приватен партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид.

OhridNews