На 11- ти јуни, четврток, ќе се одржи 41- та седница на советот на општина Охрид. Меѓу другото , советниците ќе расправаат за предлог одлуките за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од град настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 09.05.2015 година, за реализација на Проектот „Реконструкција на локален патен правец Косел- Вапила- Ливоишта, реализација на втора фаза од проектот реконструкција на локален патен правец село Вапила- Ливоишта, за реализацијата на основниот „Проект за надградба со асфалт и проширување со банкини на локален пат с.Велестово“ – реализација на втора фаза од проектот.
Советниците ќе одлучуваат и за продолжување на работното време на угостителските објекти, како и за режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид.
OhridNews