Потребата од изменување и дополнување на буџетот, како што беше објаснето, е резултат на промените кои настанаа со намалување на наменските дотации, каде во делот на образованието тие беа во голема мера намалени, па сега општина Охрид од сопствени средства ги подмирува тековните трошоци.
На денес одржаната седница усвоена беше и Програмата за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид, приградските и селски населби во сезоната 2010/2011 година.
Советниците избраа и претседател на Комисијата за одбележување празници, манифестации и доделување награди и признанија, советничката Виолета Мицкоска.