Членовите на градскиот совет ги добија новите лаптоп компјутери.

Службите на општинската администрација, после спроведената тендерска постапка, ја реаилизираа одлуката на Советот на општината донесена на седницата од 28.јули годинава за набавка на преносни компјутери за членовите на советот.

Најголемиот дел од советниците лаптоп компјутерите ги подигнале пред денешната седма седница, а ќе можат да ги користат за време на мандатот.

Поединечната цена на преносните компјутери изнесува 22.250 денари, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews