Согласно законот за здравствена заштита советот на општина Охрид донесе одлука за формирање партиципативно тело за заштита на пациентите.
– Општина Охрид освен што ќе ја исполни законската обврска ќе им овозможи на пациентите доколку се соочат со некаков проблем при користењето на медицинските услуги да има на кого да му се обратат и од кого да добијат прецизни информации за постапката што следува понатака, информира секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите во општина Охрид ќе биде составена од советници на општина Охрид, лекари кои во моментов не извршуваат дејност, односно пенизонирани лекари кои сакаат да се влучат во ова тело и претставници од организации кои се бават со заштита на правата на пациентите .
OhridNews