Градските советници утре ќе распрваат за Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2024-та. Триесет и петтата седница на Советот на Општина Охрид е закажана со почеток во 09:00 часот.
На дневен ред 85 точки. Советниците ќе распрваат за тримесечните извештаи од работата на јавните претпријатија, реализација на програмите во повеќе сфери, остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година. Меѓу точките и Нацрт програмите за 2024 година, како и урбанистички планови.
Повеќе детали на дневниот ред на линкот.
OhridNews