Советниците утре, 31 октомври, со почеток во 9 часот, ќе ја одржат четириесет и седмата седница на Совет.

На Дневен ред се 18 точки, меѓу нив одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година, одлуката за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид, донесување на буџетскиот календар, одлуката за објавување јавни повици за избор на членови во Управни и Надзорни одбори на Јавните претпријатија основани од општина Охрид, како и точки кои се однесуваат на урбанистичко – плански документации.

Повеќе информации за Дневниот ред на линкот.

OhridNews