Педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи утре, 30 април, со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
На Дневен ред се 28 точки меѓу нив усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2024 година, прифаќање донација на помагала за деца со посебни потреби на територијата на општина Охрид, пренесување на правото на користење на помагала за деца со посебни потреби, од општина Охрид на Здружението за воспитно-образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид за децата со посебни потреби.
Советниците ќе распрваат и за прифаќање донација за изградба на ново спортско фудбалско игралиште, отстапување на користење котел за нафта со горилник-термоген на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид, отстапување на користење специјално товарно противпожарно возило на Доброволно противпжарно друштво „ЕНТУЗИЈАСТ Охрид – Дебрца“, како и давање на времено користење монтажен објект (урбана опрема) со пропратни елементи на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид.
На Дневен ред и Физибилити студијата за избор на најповолен модел за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид и отпочнување постапка за изработка на Физибилити студија за воспоставување јавно приватно партнерство, како и Предлог-одлуката за изработка на дигитални алатки за туристичка промоција на Охрид.
Повеќе детали на линкот.
OhridNews