Советниците следната недела ќе ја одржат педесет и втората седница на Советот на Општина Охрид. На дневен ред се 17 точки меѓу нив одлуките за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното и земјоделското земјиште за календарската 2025 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година, определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, одржување на јавната чистота и паркови и зеленило, управување со отпад…
Советниците ќе расправаат и за одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор, како и за давање согласност на измени на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година.
Повеќе детали за дневниот ред на линкот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид на 30.01.2025 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.
OhridNews