Во насока на непречено одвивање на активностите за изградба на новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ на 38-та седница на Совет на Општина Охрид одржана денеска, беа изгласани измените за дополнување на развојната Програма за капиталните инвестиции на Општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година (НА).

Во рамки на истата беше додадена нова точка, фаза машинство, за потребите на новата училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“.

Измената се прави со цел паралелно да се одвиваат сите градежни и тендерски постапки за сите фази на новиот простор за потребите на „Кочо Рацин“ во просториите на поранешната Касарна. Бидејќи сите фази за изработка треба да се одвиваат паралелно и да нема дополнително трошоци се носат овие измени. Плаќањето на оваа фаза ќе биде во 2025 година, како што се предвидува со измените, а износот е 19 милиони денари, вели советникот Перчо Божиновски.

На седницата беа усвоени и годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид за 2024 година, како и урбанистичко – плански документации.

Н.С.Ј.