Советниците на денешната одржана седница на Совет дадоа зелено светло за Програмата на ТППЕ Охрид за 2024 година во која се предвидува и набавка на нов противпожарен камион.

Набавката на нов противпожарен камион ќе значи обновување на возниот парк кој е моментално со просечна старост од 40 години. Имајќи го фактот дека Охрид не е ист вон сезона и во сезона, ТППЕ Охрид врши ПП обезбедување на високи преставници и манифестации особено во летниот период. Со набавка на нов противпожарен камион со голем капацитет на вода ќе бидеме далеку поефикасни, а со самото тоа ќе се зголеми безбедноста и на постојаните жители и на туристите, вели командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски.

Освен за ПП камион во Програма предвидени се средства и за останатите задолжителни активности за нормално функционирање на ТППЕ Охрид.

Програмата е со највисок буџет до сега од 9.900.000,оо денари и истата беше изгласана со 17 за и 1 воздржан.

Н.С.Ј.