Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на општинскиот буџет за 2020 година, е една од точките по кои ќе расправаат советниците на седницата закажана на 29-ти мај, петок.

На дневен ред на седницата, меѓу другото, се и предлог програмите за измена на програмите за работа на секторите на локалната самоуправа, спроведувањето мерки за субвенционирање  на трошоци за комунални услуги, предлог- одлуката за давање на времено користење на недвижен имот на JП „Билјанини Извори“ Охрид, како и годишната програма за измени и дополнување на годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација со почеток во 11 часот.

OhridNews