Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Охрид изразува несогласување и отпор  кон, како што велат,  скандалозниот  и за Охрид екстремно срамен чин на доделување на највисокото признание на градот Охрид, Свети Климент Охридски – Патрон на градот, на Рамковски Велија.

Овој срамен чин е вознемирувачка политичка инструкција на Градоначалникот на Охрид, на заменик – градоначалникот како гласач во Комисијата  за  одбележување на празници и манифестации и воопшто на СДСМ, кои својот долг за  премолчувањето на деградацијата на Охрид  од страна на медиумите на Рамковски, реши да го отплати со предавство на Охрид и поигрување со гордоста на Охриѓани, истакна на денешната прес- конференција координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Пановски.

Од оваа советничка група потенцираат дека не можат да прифатат поставување еднаквост помеѓу  личности и инстутиции кои го задолжиле Охрид, со доделување на СветиКлиментовата наградата  на Велија Рамковски кој со ништо, посебно не во овој сензитивен период, не може да биде дел од идентификацијата на Охрид.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука на ден 8-ми Декември 2010 година, да не присуствува на Свечената Академија на која ќе се врачуваат наградите на добитниците, како што велат, заради фактот што тоа ќе биде момент на најголемиот пораз за Охрид.

Ohridnews