Советите на општините на средба што денеска ќе се одржи во Охрид ќе одлучуваат за соработката со Заедницата на единиците за локална самоуправа.
На состанокот се очекува да присуствуваат претставници на десетина Совети на општини, кои ќе разговараат за статусот на Советите во ЗЕЛС. Советите на општините имаат сериозни забелешки на работата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа и смeтаат дека градоначалниците ги преземаат ингеренциите на Советот кој е прв орган на локалната самоуправа.
Советите летото се заканија дека доколку ЗЕЛС, не ги инкорпорира рамноправно во неговото работење, а исто така и во органите на управување, тие ќе истапат од ЗЕЛС и ќе формираат сопствена асоцијација која ќе ги застапува нивните интереси во преговорите со Владата.
За ЗЕЛС барањата на Советите се нелигитимни бидејќи според Законот за територјална организација градоначалниците имаат поголеми ингеренции во работата на општините поради што тие се креатори на политиката на ЗЕЛС.
ohridnews