Осите во зимските месеци се во хибернација… Во април се будат, а во јули, август и септември се најактивни. Тоа значи дека опасноста за убод од оса периодов е најголема.
Зошто осите боцкаат?
Тие го прават тоа кога се чувствуваат загрозени. Тоа е нивниот начин да се одбранат од можен напад. Слично како и пчелите, само женките-оси можат да убодат, но за разлика од пчелите – овие се способни да ја нападнат жртвата неколкупати. Стручњаците велат дека осите нема да убодат некого ако тој е во мирна состојба, а поголема е можноста да биде нападнат, ако осата почувствува дека е закана за нивното гнездо или се обиде да ја избркате.
Убодите се полни со отрови, што може да го влоши здравјето кај човекот, а некои доживуваат и алергиски реакции опасни по живот.
Што да се прави при убод од оса?
Доколку се случи убод, важно е што поскоро да ја отстраните осилката со отровот. Тоа може да се изгребе од кожата со работ на кредитна картичка, на пр., но и со ноктите. Сепак, не се препорачува да ги користите прстите или пинцети бидејќи тоа може да предизвика ширење на отровот.
Откако ќе ја отстраните осилката, прво треба тоа местото на убодот да се измие со сапун и вода. Потоа се става мраз или ладна облога и тоа се држи најмногу 10 минути, за да се намали отокот.
Избегнувајте гребење на раната за да го намалите ризикот од инфекција.
Не користете домашни лекови како што се оцет или сода бикарбона, бидејќи веројатно, нема да помогнат.
Некои луѓе се алергични на убоди од оса, што може да доведе до анафилактичен шок, за којшто треба итен медицински преглед и третман. Симптомите на анафилакса се: тежок оток, чешање, вртоглавица, гадење и повраќање, грчеви во стомакот, ненадеен пад на крвниот притисок.
Како да избегнеме убод од оса?
Иако не може целосно да се избегне опасноста од убод од оса, може значително да се намали, само ако сите се придржуваат до следниве правила:
- Избегнувајте парфем или колонска вода, коишто може да привлечат оси.
- Избегнувајте облека со светли бои.
- Останете смирени ако оса се приближи или слета на кожата.
- Не допирајте го осилото и не се приближувајте премногу до тоа гнездо.
OhridNews