Метаболизмот е клучен за добивање или губење на килограмите, бидејќи од неговата брзина зависи како ќе ја сварите храната. Мажите од таа страна имаат предност бидејќи тестостеронот овозможува брз метаболизам, а за сите оние кои е забавен, следат неколку едноставни совети за забрзување.
Верувале или не, смеењето е одлично за забрзување на метаболизмот бидејќи во тие моменти нивото на енергија во телото го зголемува ризикот за една петтина, расте и бројот на отчукувања на срцето, а со десетминутно смеење согоруваме и до 40 калории.
Храната треба да се јаде бавно, бидејќи брзото јадење го поништува метаболизмот кој не стигнува да му јави на мозокот дека телото е сито. Хормонот грелин кој ја извршува таа функција информациите ги праќа 20 минути откако ќе почнеме да јадеме, па ако дотогаш во себе натрупаме храна, сигурно ќе изедеме повеќе од она што навистина ни треба.
Гладта не смее да се игнорира и да се чека наредниот оброк, бидејќи тогаш ќе изедеме многу повеќе отколку што би изеле инаку, а единствениот начин е мини оброк кој би требало да се состои од свежо овошје и јогурт, што ќе го забрза метаболизмот.
Одличен избор се и салатите во кои има морски плодови, сардели или лосос, кој со своите протеини и омега 3 масни киселини ќе го контролира лептинот, хормон чија задача е забрзување на метаболизмот.
За крај, зелениот чај – најдобриот пијалок за забрзување на метаболизмот кој е преполн со анитоксиданти. Редовно вежбање и две шолји зелен чај дневно ќе го забрзаат метаболизмот и ќе ги согорат маснотиите на стомакот.
извор:metro-portal.hr