Постојат толку многу методи со помош на кои може да имате прекрасна коса. На вас останува да ја изберете најдобрата метода поради која ќе бидете горди на убавината на вашата коса, која воедно е и ваш заштитен знак. Следат неколку совети за убава, сјајна и здрава коса.

Регенератор и шампон
Регенераторот и шампонот се два неизбежни производи без кои е невозможно да се замисли убавата коса. Обидете се да го промените начинот на миење и отсега наместо прво да ставите шампон, ставете регенератор. Намокрете ја косата и добро измасирајте. Причекајте неколку минути и потоа измијте го регенераторот и ставете шампон. Благодарение на промената на распоредот, вашата коса на овој начин ќе впие повеќе влажност.

Шампон
Избегнувајте често користење на шампонот. Би било добро кога во текот на неделата ја миете косата два до три пати, но само еднаш да користите шампон. Вака ќе избегнете иритација на темето и оштетување на косата.

Потстрижување на врвовите
Не заборавајте на редовното потстрижување на врвовите. Сакате да имате долга и здрава коса? Тогаш редовно посетувајте го вашиот фризер за да ги потстрижете оштетените врвови.

Витамин Е
Обидете се да побарате производи кои во себе имаат доволна количина на витамин Е. Ако не сте сигурни, тогаш прочитајте на декларацијата.За сите оние кои сакаат да се обидат со домашни производи нема да погрешат ако се обидат со консумирање на морков кој обилува со овој витамин.
Бадемово масло
Бадемовото масло е навистина одлично кога е во прашање убавината на кожата и здравјето на косата. Обидете се еднаш неделно пред спиење да втриете бадемово масло, што ќе и помогне на косата да биде посјајна и појака.