Многу луѓе алергични на полен не знаат дека за ублажување на симптомите може да им помогне едноставен и евтин метод.

Уредот за измивање на нос е најдобар начин за спречување на алергични напади, тврдат во здружението на германски оториноларинголози.

Ваквиот уред може да се набави во речиси секоја аптека, а измивањето на носот е ефективен начин за исфрлање на поленот од носниот канал, ублажување на акутните симптоми на алергија и смирување на иритираната слузница, вели Волфганг Хорнбергер, член на Германското здружение на оториноларинголози.

Хорнбергер советува на алергичарите во текот на сезоната на полен секојдневно да ги измиваат носните канали со физиолошки раствор.

извор:metro-portal.hr