Иако можеби ви се чини дека веќе сте ги чуле сите совети против стареењето, денеска ви откриваме уште неколку од нив. Стареењето е природен процес и не можеме да го избегнеме, но можеме прилично да го забавиме доколку водиме грижа за својата кожа во телото.

Правилната исхрана, редовното вежбање и секојдневната нега на кожата навистина многу значат. Со советите кои ви ги наведуваме во продолжение можете да направите нешто добро за вашата кожа и да го забавите процесот на стареење на кожата.

 

1. Опуштете ги мускулите

Ако често вежбате, тоа би можело лошо да се одрази на изгледот на вашето лице и врат. Дерматолозите тврдат дека кај жените кои ја напнуваат вилицата и вратот за време на вежбањето, на тие места може да се создадат бразди кои не изгледаат убаво. Затоа, водете грижа за мускулите на лицето и опуштете ги за време на вежбањето. Исто така, можете да пробате вежби за опуштање на мускулите на лицето.

2. Носете очила за сонце

Многу е важно да се заштитат очите од сонцето, особено ако сакате да се одбраните од привременото стареење на кожата. Носењето на очила за сонце ќе ги заштити вашите очи, но и ќе ја спречи предвремената појава на брчки кои може да се формираат. Изберете квалитетни и модерни очила за сонце кои ќе се вклопат во вашиот стајлинг и носете ги секогаш кога ќе бидете изложени на сонце.

3. Омега-3 масни киселини

Уште еден од начините како да ја унапредите својата рутина во борбата против стареењето е да земате витамини и минерали како додатоци на исхраната. На пример, Омега-3 масните киселини имаат силни анти-воспалителни својства и со тоа се многу ефикасни во борбата против стареењето. Бројни студии покажале дека капсулите со рибино масло како додаток на исхраната имаат многу здравствени предности, особено кога се работи за здравјето на кожата.

4. Редовно посетувајте стоматолог

За да изгледате помлади отколку што сте, многу е важно редовно да водите грижа за забите. Затоа редовно посетувајте стоматолог, избегнувајте да јадете слатки и престанете да пушите ако не сакате забите да ви изгледаат неубаво.

5. Немојте да престојувате во претопли простории

Топлиот воздух е непријател на кожата бидејќи ја суши, а на сувата кожа брчките се многу видливи. Затоа, во зимскиот период би требало да се држите понастрана од радијаторите, греалките и печките ако не сакате да имате сува кожа. Иако седењето покрај камин е удобно, дерматолозите тврдат дека топлината може да предизвика црвенило па дури и да го разгради колагенот со што кожата станува тенка и склона кон брчки.

6. Јадете антиоксиданси

Консумирањето на намирници кои се богати со антиоксиданси добро е за кожата со оглед на тоа дека антиоксидантите го штитат колагенот и ги неутрализираат слободните радикали кои можат да предизвикаат прерано стареење и воспалителни процеси на кожата. Намирници кои се најбогати со антиоксиданти се боровниците, брусницата, капината, артичокот, гравот и јаболката.

7. Хидратација

На сите им е добро познат совет дека треба да се пие многу вода, но добро е секој да ја повтори лекцијата. Имено, ако сакате убава и негувана кожа важна е и хидратацијата на организмот одвнатре. Затоа, пијте вода и билни чаеви и вашата кожа ќе ви биде благодарна.

8. Водете грижа од рана возраст

Важно е да водиме грижа за себе и својата кожа веќе од најрана возраст, а не дури кога ќе почнат да се појавуваат првите брчки. На сите млади дами им препорачуваме да се хранат што поздраво и да водат грижа за своето тело и кожа ако сакаат да изгледаат убаво и кога ќе ги стигнат годините.

9. Редовно правете пилинг

Последниот, но не и помалку важен совет е редовно да правите пилинг на кожата. Иако ова е вообичаен совет врзан со негата на кожата, важно е да ги отстраните мртвите клетки на кожата бидјеќи инаку останатите козметички производи за нега нема да делуваат. Без оглед на видот на производи кои ги користите, пилингот би требало да биде незаобиколен дел во вашата рутина ако сакате од производите за нега да извлечете максимална корист.

Иако можеби понекогаш неможете да водите грижа за негата на кожата, тоа е многу важно и вашиот труд ќе се исплати. Немојте да го занемарите вашето здравје и негата на кожата и вашето тело ќе ви биде благодарно и многу подобро и поубаво ќе се чувствувате.

извор:zena.hr