Разговарам со колеги пред извесно време и се сложуваме околу фактот дека салата за одржување седници на Советот изгледа соц – реалистички. Крајно застарено. Излитени седишта, лошо или никакво светло, елементи за озвучување – од „првите“.
Еден од советниците се труди да протурка идеја за директни преноси од седниците. Добро е тоа ама … што ќе видат гледачите? (освен советничката традиционална „ефикасност“). Постои и некој план за компјутеризација и модернизација на салата по терк на државното Собрание. Нова микрофонија, осветлување, па седишта вакви – такви… И тоа е добро ама… да ставеа прво две – три најобични закачалки. Да не се палтата од советниците и новинарите фрлени и обесени кој каде нашол место.
Во продолжение неколку фотки од „колекцијата“ есен – зима во салата на Советот на Општина Охрид.
Советници има нешто повеќе од 20. Новинари одвреме навреме уште толку. Значи потребни се 5-6 закачалки со повеќе ченгелчиња. Трошок – околу 500 денари. Ставете закачалки.
С. Костоски