„Тоа што го посочувавме две години еве се остварува. Институциите потполно потфрлија, се толерира дивоградбата“, велат од здружението „Совест“, поттикнати од градежните зафати што се одвиваат минатите денови за изградба на минаре во Али Пашината џамија.

  • Сите повици случајот да се реши институционално, отидоа во вода. Градежни инспекторати, Заводи, Управи, Судови, проблемот под черџе…Истиот остана и за жал се продлабочува. Веќе една недела на диво се гради минаре без градежна дозвола, без статички проект на диво. Дали некој ќе ја запре дивоградбата или ќе треба да се радикализираат граѓаните и да ја земат работатат во свои раце, кога ништо во оваа држава не функциоинира, освен вечниот партиски интерес. Дали некогаш ќе се слушнат граѓаните или само на избори. Како и да е, не заборавајте-избори се ближат па за брзо ќе го слушните гласот на граѓаните!, порачуваат од здружението „Совест“.

Од здружението во повеќе наврати беше потенцирано дека минарето се гради без добиено решение за градба и дека станува збор за дивоградба која не може да се легализира.

Тие побараа и согласно законот да се истражи археолошкиот локален простор на оваа локација, за кој има и докази дека се уништува бесценето благо.

OhridNews