Здружението „Совест“ со писмо до премиерот Зоран Заев во кое ја искажува својата разочараност поради не преземањето конкрентни мерки за решавање на проблемот околу изградбата на минарето во Али Пашината џамија.
- Работевме најлегално за институциите да си ја завршат работата. За жал, доцна сфативме дека проблемот не е во неспособноста на институциите, туку во замешаноста на политиката. Бевме многу наивни, дури и масовниот протест го откажавме, се со цел мирно да поминат изборите. И додека очекувавме разврска, се прошири вест дека сме се испазариле работите да продолжат. Смешно да не е жалосно и срамно, злобата е карактеристична за кукваици, рече Михаил Трендафилов Нанче од „Совест“.
Трендафилов, информира дека поднесува оставка од функцијата претседател на здружението, бидејќи чувствува лична одговорност, како што рече, за неговата наивност да верува во дадените ветувања од надлежните.
- Во меѓувреме албанскиот фактор може да вее албанско знаме на Самоиловите тврдини и вика дека Охрид е албански град, ИВЗ да не нарекува див народ без идентитет, минарето да си расте, провокација до провокација, а власта во име на некаков имир не презема ништо. На состанокот кај вас не убедивте дека лично ќе се заземете, ви поверувавме за што бевме жестоко критикувани. Го почитувавме изборниот циклус да не се прават никакви тензии, бидејќи сепак веруваме во легализмот. Рековте оставете до 5 мај , но еве веќе е 10 мај, а работите на минарето продолжуваат. Зарем важат едни закони за едни, а други закони за други?, праша Трендафилов.
Од „Совест“ бараат итна одлука од владата и потенцираат дека од тоа зависат нивните понатамошни активности. Додаваат дека нивниот предлог бил изградба на меморијален центар на културите кај Али Пашината џамија.
OhridNews